• сабота, 23 ноември 2024

Барса се уште се надева дека Лаутаро ќе го замени Суарез

Барса се уште се надева дека Лаутаро ќе го замени Суарез
Барселона, 27 јануари 2020 (МИА) - Барселона сè уште ја истражува секоја можност за привлекување замена за Луис Суарез, кој ќе биде на теренот во наредните 4 месеци. Некои од зделките се чини дека се невозможни за Каталонците, како што е привлекувањето на Лаутаро Мартинез од Интер. Постоеја контакти со агентот на играчот за тоа дали е можно да се оствари трансферот овој месец. Од финансиска гледна точка, сепак, ова не е можно. Мартинез има договор со „нероазурите“ до 2023 година, но во текотна 15 дена во јули, неговата клаузула е 111 милиони евра. Нешто што Барселона многу добро го знае. Покрај тоа, добро е за Барселона што Мартинез е во добри односи со Лионел Меси како соиграчи во Аргентина. Заедно со играчот на ПСВ, Даниел Мален, тие се појавуваат како долгорочни цели на Каталонците. Сега, сепак, на Барса и треба краткорочно решение. Според „Трансфермаркт“, Лаутаро е проценет на 40 милиони евра, но постојат индиции дека тој наскоро може да го обнови договорот со Интер, што значи дека ќе има нови параметри.

Остани поврзан