• сабота, 21 декември 2024

Барса го загуби Дембеле за 6 месеци

Барса го загуби Дембеле за 6 месеци
Барселона, 11 февруари 2020 (МИА) - Францускиот крилен играч на Барселона Усман Дембеле нема да игра фудбал во следната половина година, официјално објавија од „Камп Ноу“. 22-годишниот напаѓач на „Лос Кулес“ денеска беше подложен на операција на глуждот (десна нога) во Финска и ќе недостасува во следните шест месеци. Пред две сезони, Дембеле имаше слична повреда, но во другата нога. Тогаш времето за закрепнување беше четири месеци. Поранешниот играч на Борусија Дортмунд ќе ги пропушти сите натпревари до крајот на сезоната. Оваа тешка повреда отвора можност Барса да привлече уште еден напаѓач, иако трансфер-прозорецот е веќе затворен. Од „Камп Ноу“ имаат 20 дена да пуштат барање до Ла Лига. Доколку добијат потврден одговор, ќе имаат 15 дена да потпишат со нов фудбалер кој мора да биде од Примера или слободен агент.

Остани поврзан