• понеделник, 03 март 2025

Баро: Примирјето помеѓу Русија и Украина ќе покаже дали Путин е подготвен да започне мировни преговори

Баро: Примирјето помеѓу Русија и Украина ќе покаже дали Путин е подготвен да започне мировни преговори

Париз, 3 март 2025 (МИА) – Примирјето помеѓу Русија и Украина во воздух, на море и во енергетскиот инфраструктурен сектор може, доколку биде прифатен, да им овозможи на Киев и неговите сојузници да утврдат дали рускиот претседател Владимир Путин е навистина подготвен да ги започне преговорите за долгорочен мир, изјави денеска шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро.

Неговата изјава уследи откако францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз и Лондон предлагаат делумно едномесечно примирје.

- Потоа треба да се создадат услови за воена способност (на украинска територија) за да се одврати заканата од повторни судири, истакна Баро.

Според него претседателите на Украина и на САД, Володимир Зеленски и Доналд Трамп, можеби се подготвени да ги продолжат преговорите по вербалниот судир во Белата куќа.

- Можев да проценам до кој степен тие имаат намера повторно да се вклучат во дијалог, истакна Баро.

Баро наведе дека САД избрале по мирен пат да го доведат Путин на преговарачка маса, но оти стравува од неуспех.

Во интерес на САД е да бидат во таборот на Украина, кога Украина би морала да капитулира, тоа би значело ужасно признавање на слабоста на САД, наведе Баро. ми/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан