• сабота, 21 декември 2024

Барние: Велика Британија нема да добие преференцијални односи за финансиските прашања

Барние: Велика Британија нема да добие преференцијални односи за финансиските прашања
Стразбур, 11 февруари 2020 (МИА) – Преговарачот на Европска Унија, Мишел Барние денеска изјави дека британските власти „не треба да се лажат“ дека ЕУ ќе им даде преференцијален третман на Лондон во идните односи по Брегзит.
Тој во својот говор пред Европскиот парламент во Стразбур, истакна дека режимите за еквивалентност, посветени на односите меѓу меѓународните партнери во специфични финансиски сектори, како што е размената на стоки, ќе останат под контрола на ЕУ и оти Велика Британија по Брегзит нема да има специјален однос.
- Нема да има генерална, глобална, трајна еквивалентност (за Велика Британија), наведе Барние. ми/

Остани поврзан