• четврток, 16 мај 2024

Банка за храна на Македонија додели благодарници на 20 компании поради обезбедени донации за лица од социјален ризик

Банка за храна на Македонија додели благодарници на 20 компании поради обезбедени донации за лица од социјален ризик
Скопје, 9 јуни 2022 (МИА) - Банка за храна на Македонија денеска им додели благодарници на компании кои минатите две години во време на пандемија донираа над 600 тони храна за 5.300 корисници од социјален ризик. Благодарници беа доделени на вкупно 20 компании, а претставникот на Банка за храна Македонија, Душко Христов на денешниот настан насловен „Ѕвездите против Ковид-19“ им се заблагодари за поддршката и за нивната помош на семејства од социјален ризик во време на криза. -Одлучивме да ги номинираме сите овие ѕвезди со кои соработуваме како граѓанска организација во време на пандемија, а кои доаѓаат од институциите, од операторите за храна и доделија навистина над 600 тони храна до денешен ден преку Банката за храна и нашите партнери. Станува збор за Тинекс, Витаминка, Стокомак, Кам маркети, Рамстор, Веро, сите големи маркети кои се етерот на нашето секојдневие односно трговски субјекти а се наши донатори, изјави Христов. Тој е убеден дека денешниот настан ќе ги инспирира и другите компании да донираат, посочувајќи дека веќе од вчера имаат и нови компании кои сакаат да ги донираат свои производи. Како што рече, компанијата Геопром пред една недела донирала 1.335 кутии суплементи за деца од 0 до3 години. - Геопром пред една недела донираше 1.335 кутии суплементи за деца кои не се баш евтини, од 0 до 3 години. Ние тие кутии во неколку градови веќе ги споделивме. Бидејќи имаме поголем број на донатори, гледавме со нив да се договориме што да донираме. Тие донации секој месец ги пакувавме бидејќи имавме различни ситуации. Исто така имаме на дневна основа подарување, имавме ад хок и имавме месечно подарување. На пример во Општина Центар секој месец делиме 150 пакети месечно а во Кавадарци над 100 пакети месечно. Во тие пакети ние сите тие производи се обидуваме да ги искомбинираме да имаме барем еден достоен пакет за едно семејство, додаде Христов. Денешниот настан беше поддржан од Цивика мобилитас. бт/ац/  

Остани поврзан