• четврток, 21 ноември 2024

Банди се обидуваат да ја преземат контролата врз главниот аеродром на Хаити во последниот напад на клучни локации

Банди се обидуваат да ја преземат контролата врз главниот аеродром на Хаити во последниот напад на клучни локации

Порт-о-Пренс, 5 март 2024 (МИА) - Силно вооружени банди се обидоа да го заземат главниот меѓународен аеродром на Хаити, „Тусен Лувертур“, во престрелка со полицијата и воените единици, во услови на ескалација на насилството во земјата и масовно бегство на затвореници.

Како што јавија странските агенции, од оклопен камион на аеродромската писта е пукано кон бандите во обид да се спречат да влезат во комплексот додека десетици вработени бегале.

Нападот се случи неколку часа откако властите на Хаити воведоа полициски час откако вооружени банди ги зазедоа двата најголеми затвори во земјата и ослободија илјадници затвореници.

Во неделата вечерта беше прогласена 72-часовна вонредна состојба.

Се верува дека бандите контролираат околу 80 отсто од главниот град Порт-о-Пренс. Тие се повеќе ги координираат своите акции и избираат за напади цели, како што е на пример Централната банка. 

Минатата недела, американската амбасада соопшти дека ги суспендира сите официјални патувања во земјата. Синоќа ги повика сите американски граѓани да ја напуштат земјата што е можно поскоро. Администрацијата на Џо Бајден, која одби да испрати војници во мултинационалните сили на Хаити, понуди логистичка поддршка за земјата и рече дека со загриженост ја следи нагло влошената безбедносна ситуација. паг/

Фото: МИА архива

 

 



Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан