• петок, 22 ноември 2024

Балканскиот шампион во полумаратон, Дарио Ивановски, на прием кај претседателот Пендаровски

Балканскиот шампион во полумаратон, Дарио Ивановски, на прием кај претседателот Пендаровски
Скопје, 26 април 2022 (МИА) - Претседателот  Стево Пендаровски денеска го прими македонскиот атлетичар Дарио Ивановски, кој го освои златниот медал на Балканскиот полумаратон, што се одржа овој месец во Тирана. Како што информираат од Кабинетот на претседателот, честитајќи му на Ивановски за освоениот успех на балканското првенство и за поставувањето на нов национален рекорд, Пендаровски истакнал дека успесите на македонските спортисти не само што треба да се поддржуваат, туку и охрабруваат. - Тие се гордост на македонските граѓани, обединувајќи ги и мотивирајќи ги дека со упорност, желба и силна волја, може да се совладаат и најголемите предизвици, порача претседателот Пендаровски. На средбата, Ивановски го запозна претседателот со неговите досегашни спортски успеси, како и со планираните активности и натпревари во иднина. Ова е втора титула балкански шампион на Дарио Ивановски и осми медал на балканијадите. ар/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан