• недела, 12 мај 2024

Балде во Барселона до 2028

Балде во Барселона до 2028

Барселона, 20 септември 2023 (МИА) – Шпанскиот фудбалски гигант Барселона објави денеска дека го продолжи договорот со Алехандро Балде до јуни 2028 година.

Балде сезонава е стандарден во составот на Барселона за која досега одигра вкупно 57 натпревари на кои постигна еден гол и запиша шест асистенции.

Деветнаесетгодишниот лев бек е дел од Барселона од 2011 година кога се приклучи на младинската школа на каталонскиот клуб.

За шпанската репрезентација досега собра шест настапи. ег/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан