• среда, 14 мај 2025

Баер Леверкузен нема да го спречи Чаби Алонсо да го преземе Реал Мадрид

Баер Леверкузен нема да го спречи Чаби Алонсо да го преземе Реал Мадрид

Леверкузен, 20 април 2025 (МИА) - Раководството на Баер Леверкузен е подготвено да го пушти тренерот Чаби Алонсо во Реал Мадрид, објави познатиот новинар Фабрицио Романо.

Според Италијанецот, „аспирините“ знаат за желбата на стручњакот да му се приклучи на „белиот балет“ и нема да се мешаат во тоа.

Алонсо останува главен приоритет на Реал за да го замени Карло Анчелоти. Забележано е дека пред една година Шпанецот ги одбил понудите на Баерн Минхен и тимови од англиската Премиер лига бидејќи сакал да замине во Реал. дс

Фото: Архива

Остани поврзан