• недела, 19 мај 2024

Баер испрати барање до ПСЖ за трансфер на Асенсио

Баер испрати барање до ПСЖ за трансфер на Асенсио

Леверкузен, 30 јануари 2024 (МИА) – Бундеслигашот Баер Леверкузен е заинтересиран за потписот фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Марко Асенсио, објави новинарот на „Sky Deutschland“ Патрик Бергер.

Според Бергер, Леверкузен поднел барање за трансфер на 28-годишниот Шпанец. Самиот фудбалер е подготвен да ја смени клупската средина оваа зима.

Претходно, инсајдерот Фабрицио Романо објави дека управата на парижаните нема да го пушти играчот за време на овој преоден рок.

Асенсио за ПСЖ игра од јули 2023 година. Во сезоната 2023/24, играчот од средниот ред постигна четири гола и направи три асистенции на 12 натпревари.

Баер Леверкузен по 19 кола е лидер во Германското фудбалско првенство со освоени 49 бода, два повеќе од Баерн Минхен. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан