• среда, 15 мај 2024

Баер верува дека Алонсо ќе остане во клубот уште една сезона, и покрај интересот на Ливерпул

Баер верува дека Алонсо ќе остане во клубот уште една сезона, и покрај интересот на Ливерпул

Леверкузен, 27 јануари 2024 (МИА) - Баер Леверкузен очекува Чаби Алонсо да остане во клубот уште една сезона.

Бундеслигашот знае дека Ливерпул покажува интерес за 42-годишниот фудбалски стручњак и го гледа како можна замена за Јирген Клоп кој најави заминување од „Енфилд“.

Сепак, Баер останува оптимист и верува дека Алонсо нема да го напушти клубот на лето, пренесува новинарот на „Sky Sport“, Флоријан Плетенберг. Тренерот е вклучен во планирањето на составот за сезоната 2024/25.

Договорот на шпанскиот стручњак со клубот е со важност до 2026 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан