• вторник, 19 ноември 2024

Баерн почнува реконструкција на стадионот пред ЕУРО2024

Баерн почнува реконструкција на стадионот пред ЕУРО2024

Минхен, 5 јули 2023 (МИА) – Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен соопшти денеска дека во текот на летната пауза ќе почне со реконструкција на својот стадион, како и поставување хибридна подлога на теренот на кој ќе се играат натпревари од Европското првенство идната година, како и финалето на Лигата на шампиони во 2025.

Новата подлога ќе содржи мешавина од природна и вештачка трева.

„Нашиот терен ќе биде на повисоко ниво и со самото тоа не него полесно ќе се игра“, изјави директорот на стадионот „Алијанц арена“, Јирген Мут.

Капацитетот на стадионот во Минхен и по реконструкцијата ќе остане како и досега со 75.000 седишта, а Баерн соопшти дека преуредувањето на трибините е од безбедносни причини по препорака на локалните власти.

Стадионот на Баерн ќе биде домаќин на шест натпревари на ЕУРО2024. ег/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан