• петок, 22 ноември 2024

Баерн подготвен да го продаде Боатенг за пет милиони евра

Баерн подготвен да го продаде Боатенг за пет милиони евра
Минхен, 5 јануари 2019 (МИА) - Дефанзивецот на Баерн, Жером Боатенг, најверојатно, ќе го напушти клубот. Клубот од Минхен е подготвен да се раздели со 31-годишниот Германец за пет милиони евра, објавија германските медиуми. За Боатенг заинтересирани се лондонските екипи Арсенал и Тотенхем. „Топчиите“ веќе започнаа преговори во врска со трансферот на дефанзивецот. Оваа сезона, Боатенг учествуваше на 14 натпревари во сите натпреварувања. Тој игра за Баерн од 2011 година. зс/

Остани поврзан