• сабота, 29 јуни 2024

Баерн не е заинтересиран за Зидан

Баерн не е заинтересиран за Зидан

Минхен, 30 март 2024 (МИА) - Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан нема да го води Баерн на крајот од актуелната сезона, објави новинарот Флоријан Плетенберг.

Според Плетенберг, раководството на тимот од Минхен не е заинтересирано за потпис со францускиот фудбалски стручњак.

Под водство на 51-годишниот Зидан, Реал три пати ја освојуваше Лигата на шампионите, а два пати стана шампион на Шпанија.

Баерн претходно објави дека главниот тренер Томас Тухел ќе го напушти клубот на крајот од сезоната 2023/24.

По 26 кола во германското првенство, тимот од Минхен е на второто место со 60 бодови. Заостатокот од водечкиот Баер Леверкузен е 10 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан