• недела, 24 ноември 2024

Баерн Минхен и Челзи последни четвртфиналисти во ЛШ

Баерн Минхен и Челзи последни четвртфиналисти во ЛШ
Лондон, 17 март 2021 (МИА) – Познати се сите четвртфиналисти во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ), откако пласман меѓу осумте најдобри екипи вечерва обезбедија Баерн Минхен и Челзи. Германскиот првак и бранител на европската титулата триумфираше и во реванш осминафиналниот натпревар против Лацио со 2:1 и со вкупен резултат од 6:2 го елиминираше италијанскиот тим. Роберт Левандовски му донесе водство на Баерн во 32 минута од пенал, Максим Чупо-Мотинг зголеми на 2:0 во 73 минута, а конечниот резултат го постави Марко Пароло во 82 минута. Челзи го пречека во Лондон Атлетико Мадрид со предност од 1:0 од првиот натпревар пред три недели и со головите на Хаким Зијех во 34 минута и Емерсон во четвртата минута од судиското продолжение по втор пат триумфираше (2:0) над тимот на Диего Симеоне. Шпанскиот тим мечот го заврши со играч помалку на теренот поради директниот црвен картон за Стефан Савиќ во 82 минута. Најмногу претставници во четвртфиналето, вкупно три, има Англија (Ливерпул, Манчестер сити и Челзи, Германија има две екипи (Борусија Дортмунд, Баерн Минхен), а по еден Франција (ПСЖ), Португалија (Порто) и Шпанија (Реал Мадрид), Жрепката за четвртфиналните двојки е закажана за в петок напладне во седиштето на УЕФА во Нион, а натпреварите ќе се играат на 6 и 7 април и на 13 и 14 април. ег/зс/

Остани поврзан