• сабота, 06 јули 2024

Баерн и Јувентус први осминафиналисти во Лигата на шампионите

Баерн и Јувентус први осминафиналисти во Лигата на шампионите
Минхен, 2 ноември 2021 (МИА) – Екипите на Баерн Минхен и на Јувентус на две кола пред крајот на групната фаза обезбедија учество во осминафиналето од Лигата на шампионите. Ова е епилогот по вечерашните средби од 4. коло, сегмент Е-Х во елитното фудбалско натпреварување, по кое и германскиот и италијанскиот тим стигнаа до четвртите победи во своите групи. Резултати: Малме – Челзи 0:1 Волфсбург – Салцбург 2:1 Аталанта – Манчестер јунајтед 2:2 Баерн – Бенфика 5:2 Динамо Киев – Барселона 0:1 Јувентус – Зенит 4:2 Севилја – Лил 1:2 Виљареал – Јанг Бојс 2:0. Табела Е-група: Баерн Минхен 12 бода, Барселона 6, Бенфика 4, Динамо Киев 1. Табела Ф-група: Манчестер јунајтед 7 бода, Виљареал 7, Аталанта 5, Јанг Бојс 3. Табела Г-група: Салцбург 7 бодови, Лил 5, Волфсбург 5, Севилја 3. Табела Х-група: Јувентус 12 бода, Челзи 9, Зенит 3, Малме 0. зс/

Остани поврзан