• вторник, 05 ноември 2024

Баерн израмни бундеслигашки рекорд стар 57 години

Баерн израмни бундеслигашки рекорд стар 57 години
Леверкузен, 17 октомври 2021 (МИА) - Во дербито на осмото коло во германското фудбалско првенство екипата на Баерн Минхен забележа гостинска победа над Баер Леверкузен од 5-1 и се врати на чело на табелата во Бундеслигата. „Баварците“ сите пет голови ги постигнаа во воведните 37 минути со што го израмнија рекордот на Борусија Дортмунд и Карлсруе според најмногу постигнати голови во прво полувреме во историјата на Бундеслигата. Во сезоната 1963/64, Борусија Дортмунд против Шалке постигна пет голови, за 23 минути, а истата сезона Карлсруе против Ајнтрахт Франкфурт постигна идентичен број голови за 30 минути. Стрелци за Баерн вечерва беа Роберт Левандовски (3, 30), Томас Милер (34) и Серж Гнабри (35, 37). ег/ми/

Остани поврзан