• среда, 04 октомври 2023

Баерн заинтересиран за Влаховиќ

Баерн заинтересиран за Влаховиќ

 

Минхен, 1 јуни 2023 (МИА) – Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен е заинтересиран да го доведе во своите редови напаѓачот на Јувентус и српски репрезентативец Душан Влаховиќ, јави денеска германските медиуми.

Баерн претходно беше заинтересиран за напаѓачот на Манчестер сити, Хулијан Алварез, но според наводите во германските медиуми, приоритетна желба на тренерот на Томас Тухел е да биде ангажиран Влаховиќ.

Меѓу потенцијалните засилувања во нападот на Баерн се споменува и фудбалерот Ајнтрахт Франкфурт, Рандал Коло Муани.

Баерн изминатиот викенд по 11 пат во низа ја освои шампионската титула, откако на крајот на сезоната имаше подобра гол – разлика од вицешампионот Борусија Дортмунд. ег/
ФОТО: Твитер

Остани поврзан