• недела, 22 декември 2024

Баерн го загуби Сане за две недели

Баерн го загуби Сане за две недели
Минхен, 29 септеври 2020 (МИА) - Напаѓачот на Баерн Минхен, Лерој Сане ќе биде надвор од терените во следните две недели поради повреда на коленото. Веста ја објави тренерот на тимот Ханси Флик. Сане минатата сезона се опоравуваше од повреда на десното колено додека играше за Манчестер Сити и таа сè уште предизвикува проблеми. Крилниот напаѓач ќе го пропушти натпреварот од Суперкупот на Германија против Борусија Дортмунд во среда и недела против Херта во Бундеслигата, како и натпреварите на Германија против Украина и Швајцарија за Лигата на нации. Давид Алаба, кој страда од повреда на мускулот, исто така е под знак прашалник за мечот во среда со Дортмунд.

Тагови

Остани поврзан