Баербок: Русија ќе сноси последици ако ја нападне Украина
- Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок денеска изјави дека тензиите со Русија би можеле да се решат со дипломатија, но предупреди дека Москва ќе сноси последици ако ја нападне Ук

Киев, 17 јануари 2022 (МИА) - Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок денеска изјави дека тензиите со Русија би можеле да се решат со дипломатија, но предупреди дека Москва ќе сноси последици ако ја нападне Украина.
- Секој понатамошен агресивен чин ќе има висока цена за Русија, економски, стратешки, политички. Дипломатијата е единствен начин, истакна Баербок на заедничката прес-конференција во Киев со украинскиот колега Дмитар Кулеба.
Украинскиот министер за надворешни работи истакна дека Украина и Германија се обединети за заживување на мировните преговори за ставање крај на војната во источниот дел на Украина.
Баербок од Киев ќе отпатува за Москва.
Разговорите помеѓу Москва и западните држави за распоредувањето на десетици илјади руски војници долж украинската граница завршија минатата недела без да биде постигнат напредок. Кибернападот врз Украина дополнително ги зголеми тензиите. бд/ми/