Бабунски нов тренер на Пелистер
- Управата на Пелистер попладнево соопшти дека спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски и за нов тренер го назначи Бобан Бабунски.
Битола, 5 јануари 2023 (МИА) – Управата на Пелистер попладнево соопшти дека спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски и за нов тренер го назначи Бобан Бабунски.
- Шест месеци пред истекот на договорот двете страни спогодбено се разделуваат по една година помината заедно. Клубот му се заблагодарува на Секуловски и неговиот стручен штаб за професионалноста , посветеноста и стручноста во уште една прилика што излезе во пресрет на матичниот клуб.
Нов шеф на стручен штаб е назначен Бобан Бабунски кој се обврза на договор до јуни 2023 година со опција за продолжување на соработката за уште една сезона ако клубот избори промоција во Првата фудбалска лига . Бабунски е на возраст од 54 години и е добро познато име, поранешен македонски и југословенски репрезентативец и селектор на сениорската и младинската репрезентација на Македонија. Во својата тренерска кариера ги водеше Вардар, Работнички и Победа, стои во соопштението на клубот од Битола кој сезонава се натпреварува во Втората македонската фудбалска лига.
Промоцијата на Бабунски и почетокот на подготовките за пролетниот дел од сезоната ќе се случи на 9 јануари. зс/