Бабиш: Чешка во никој случај нема да ги зголеми трошоците за одбраната
- Тој наведе дека приоритет на неговата влада е „здравјето на граѓаните, за да можат подолго да поживеат“
Прага, 26 февруари 2026 (МИА) – Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш денеска изјави дека Прага „во никој случај“ нема да ги зголеми трошоците за одбраната и покрај целите на НАТО за поголемо издвојување на средства од бруто домашниот производ.
Тој наведе дека приоритет на неговата влада е „здравјето на граѓаните, за да можат подолго да поживеат“.
Бабиш пред минатогодишните парламентарни избори изјави дека е нереален договорот со НАТО за постепено зголемување на трошоците за одбрана до пет проценти од БДП.
Тој и неговата популистичка партија АНО победи на минатогодишните избори, ветувајќи дека ќе се фокусира на животниот стандард на луѓето – зголемување на платите, намалување на некои даноци и воведување на нови бенефиции. ми/сд/
фото: ЕПА