• недела, 22 декември 2024

Ахмети: Членството во ЕУ ќе ја зајакне економијата и животниот стандард во државата

Ахмети: Членството во ЕУ ќе ја зајакне економијата и животниот стандард во државата

Скопје, 2 февруари 2023Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети и вечерва ги продолжи средбите со граѓаните, овој пат со жителите на општина Желино. Покрај претседателот Ахмети, говор пред присутните имаа и првиот потпретседател на Владата Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, пратеникот Бедри Фазлиу и претседателот на огранокот на ДУИ во Желино, Емир Сулејмани.Али Ахмети – претседател на ДУИАјде вечерва да разговараме и да видиме што сме направиле, што сè уште не сме направиле и што треба да направиме. Вечерва сме тука по речиси тринеделни средби. Ајде да докажеме дека стоиме зад мирот и младите, нема да го напуштам бродот без да ја ставам ДУИ на реформскиот пат. Јас сум за младината, да ја поддржиме и да останеме силни затоа што само со поддршка од заслужените луѓе може да ги водиме процесите напред. Помина времето на квантитетот, денес ни треба квалитет. Денеска треба да видиме како треба да постапиме, бидејќи Европа не не прифаќа без стандарди. ДУИ е добро организирана и  етаблирана партија, така што оваа партија е наше национално богатство. ДУИ е крвта на затворените, мртвите Албанци, тоа е дело на интелектуалците, затоа сите идеалисти и мисионери  застанаа покрај нас, инвестираа и инвестираат, а секако да не ја заборавиме и жртвата на нашиот народ. Посветени сме на мирот, стабилноста, развиената економија, борбата против криминалот и корупцијата како и  ефикасната администрација. Албанеците денес се одлучувачки фактор во државата.  Бујар не претставува во ОБСЕ, Фатмир не прави горди со Светска банка, Насер, Крешник и Артан... колку повеќе инсталираме вредности, толку повеќе непријатели се создаваат. Ова не му се допаѓа на Мицкоски и знам зошто, не отидов во Хаг затоа што борбата ми беше праведна, па нека не ми одговара со калаш. Тој ја гледал војната само на телевизија, додека јас сум потпишал меѓународни договори. Зошто инвестираме во стабилност? Придонесовме за решавање на спорот со името, преговораме  со ЕУ со единствена цел на овој регион да му ја загарантираме мирот и стабилноста. Времињата се променети, не треба да ги повторуваме трагедиите, туку треба да размислуваме за нови можности. Имаме рани кои не зараснуваат така лесно, многу луѓе загинаа за оваа земја, но одмаздата не е решение. Косово мора да најде решение со Србија, бидејќи во овие времиња Русија е заинтересирана за крвопролевање и конфликти. Градејќи го проеропскиот фронт се приклучуваме кон прогресивни процеси, кон нови стандарди, така што ниту Мицкоски ниту Албанците кои работат покрај Мицкоски не можат да го спречат ова затоа што ние сме за напредок, а не за уназадување. Членството во ЕУ ја запира имиграцијата, ја зајакнува економијата, платите и животниот стандард, така што членството во ЕУ дефинитивно мора да се случи, бидејќи ова е наша заедничка жртва за да постигнеме успех, изјави Ахмети.Артан Груби – прв вицепремиерСрцето ми се топи кога ве гледам толку многу. Ова е ДУИ денес.Жени, мажи, девојки, момчиња, лекари, уметници и сите други кадри. Дојдовте овде да разговарате со нас, а на нас останува да ви одговориме. Денес водиме со ОБСЕ, водиме стратешки дијалог со САД, членка сме на НАТО и сме на пат кон ЕУ. Управуваме со финансиите, поминувајќи го секој предизвик, инвестираме во животната средина, во канализацијата, остваруваме еколошки проекти итн. Ние сме и во образованието, инвестиравме во училиштата. Ние сме и во економијата, ги намаливме цените, ги подигнавме маржите и им помогнавме на бизнисите. Ние сме во транспортот и поврзувањето, инвестиравме и инвестираме во големи проекти како Коридорот 8. Денес сум исклучително среќен затоа што најголемиот проект како Коридорот 8 денеска го потпиша Владата со тоа ја поминавме и последната пречка за овој проект за поврзување на Скопје, Тирана и Приштина. Овие проекти се прават затоа што политичката волја и одговорност ни ја делегира лидер кој не знае за луксузи, за ручеци или вечери, туку е едноставен и вечно сум му благодарен, тоа е нашиот лидер Али Ахмети, нагласи Груби.Фатон Ахмети – генерален секретар на ДУИОсобено задоволство ми е што на секоја средба се зголемува бројот на присутни, што докажува дека народот верува и соработува со идејата на лидерот Али Ахмети, бидејќи секое достигнување на Албанците во државата носи негов печат. Не направи државотворен народ. Од народ кој некогаш бил дискриминиран, од многу мал број на застапеност во институциите, денес имаме Албанци насекаде, веќе ги имаме бројките на албанската застапеност, затоа мора да се работи на квалитет.  Тука сме да ги слушнеме проблемите на граѓаните, да разговараме што сме направиле и што треба да направиме, бидејќи само така ќе ја подобриме работата и ќе ја средиме нашата заедничка куќа ДУИ, појасни Ахмети.Бедри Фазлиу - пратеникЌе се задржам на дел од успесите на оваа Влада. Се соочивме со пандемијата со корона вирусот, со енергетската криза со која добро менаџираме.  Пописот на населението е направен, поддржавме зголемување на платите и пензиите, постигнавме договор за исплатите на вработените во образованието, поддржавме проекти во нашите општини за инфраструктурни, земјоделски инвестиции, управување со отпад и магацини како и други инвестиции. Буџетот за оваа година е уште подарежлив, така што заедно ќе продолжиме да го поддржуваме секој проект што не води кон европските стандардите. Земјата е полноправна членка на НАТО, затоа како пратеник сум горд што гласав за многу различни закони, вклучително и одобрување на Францускиот предлог, така што овој пат мора да продолжи бидејќи носи инвестиции и економска стабилност во нашата земја, рече Фазлиу.Емир Сулејмани – претседател на огранокот на ДУИ ЖелиноПоминаа шест месеци откако се одржаа внатрепартиските избори, откако ги презедовме позициите и одговорностите за обврските што ни се доделени, а овој иновативен модел беше инсталиран благодарение на визијата на лидерот, Али Ахмети. Овој напредок внатре во партијата или  било кое наше државно достигнување го носи печатот на Али Ахмети. Желино, нашата општина за жал чекори наназад, од развиена општина со континуирани инвестиции, работата стагнира и имаме егзистенцијални проблеми. Гледајќи ги катастрофалните неуспеси, вечерва на нашите жители морам да им соопштам една радосна вест, бидејќи добивме средства од Светска банка за нови инфраструктурни инвестиции, па знаејќи го лошото менаџирање што го направи локалната власт, носител на овој проект ќе биде Министерството за транспорт и врски. Денеска мора да го зачуваме единството, да не дозволиме деструктивните сили да не одведат на погрешен пат, да стоиме на страна и да му го трасираме патот на нашиот лидер Али Ахмети, истакна Сулејмани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан