• вторник, 26 ноември 2024

Ахмети - Хасани: Европа е единствената алтернатива за регионот

Ахмети - Хасани: Европа е единствената алтернатива за регионот

Скопје, 17 јануари 2024

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети заедно со Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби беа домаќини на министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, г. Игли Хасани.

На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, процесите во кои се наоѓаат двете земји,  евроинтеграцискиот пат како и случувањата во регионот.

Потврдени се добрите билатерални и мултилатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, со цел истите да послужат како позитивен модел за Западен Балкан и поширокиот регион.

Соговорниците разговараа и за конкретните чекори за зајакнување на соработката во важните проекти како што се Коридорот 8, отстранувањето на границите, железничкото поврзување, како и посветеноста на овие иницијативи за доброто на земјите и граѓаните како главен приоритет.

Г-дин Ахмети детално ја елаборираше иницијативата на Европскиот фронт и ризиците од растечкото влијание од Русија во земјата и регионот.

Ахмети и Хасани се согласија дека Европската Унија е единствената алтернатива за нашиот регион.

Демократска унија за интеграција

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан