• понеделник, 23 декември 2024

Ахмети на средба со швајцарската амбасадорка Вероник Улман

Ахмети на средба со швајцарската амбасадорка Вероник Улман

Скопје, 30 август 2024

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети денеска во партиското седиште во Тетово се сретна со швајцарската амбасадорка во земјава, г-ѓа Вероник Улман. 

Г-дин Ахмети и г-ѓа Улман разговараа за политичката состојба во земјата и регионот, евроинтеграциите и уставните измени, неселективното владеење на правото, духот на Охридскиот договор и прашањето на легитимитетот. 

Претседателот Ахмети ја увери амбасадорката Улман за посветеноста на ДУИ за евроинтеграциите како прв и непоколеблив приоритет на партијата и затоа сме посветени на уставните измени за вклучување на бугарската заедница во Уставот и почитување на Договорот од Преспа со Грција. 

Во однос на духот на Охридскиот договор, Ахмети истакна дека Швајцарија е многу добар пример за социјална кохезија и еднаков соживот и затоа треба да се заложи за уште повеќе да го промовира духот на еднаквост и толеранција во земјата.  

Охридскиот договор го гарантираат Европската Унија и Соединетите Американски Држави. 

Овој договор е сериозно прекршен од власта со моноетнички легитимитет.

Изборниот легитимитет и етничката волја мора да бидат заштитени од сите бидејќи тоа е извор на стабилност. 

Во однос на владеењето на правото, ДУИ се залага за неселективна правда, надвор од канџите на партиите кои ја презедоа улогата на истражител, обвинител и судија, затоа е потребен меѓународно мониториран ветинг за да се запре политичката пропаганда и ловот на вештерки. 

За дестабилизирачките сценарија на Владата, г. Ахмети повторно подвлече дека ДУИ не е дел од вакви сценарија и тоа е голема владина измама да се дефокусира јавноста од безброј неуспеси и скандали. 

ДУИ од септември ќе ги посетува граѓаните во секое населено место и заедно со нив ќе дејствува во одбрана на погазеното национално достоинство од слугите на ВМРО.

Демократска унија за интеграција (ДУИ)

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан