Ахмети им го честита Божиќ на христијанските верници
- По повод христијанскиот празник Божиќ, претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети упати честитка до сите верници, со најискрени желби за здравје, благосостојба и успех.
Скопје, 7 јануари 2022 (МИА) - По повод христијанскиот празник Божиќ, претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети упати честитка до сите верници, со најискрени желби за здравје, благосостојба и успех.
- Божиќ е празник на надежта и вербата за нов почеток на животот и во овој дух, славејќи заедно за да ја обновиме вербата и посветеноста на општото добро на животот за сите наши граѓани, правејќи го секој од нас уште подобар и покорисен за нашето општество, вели Ахмети во честитката.
Посакувам, пишува Ахмети, овој празник да го поминете среќно со вашето семејството и посакувам да поминете среќни моменти со вашите најблиски.
- Заедничките празници и цели за подобар, подуховен, побожен живот, нè зближуваат еден со друг и нè прават попосветени на заедничките вредности, се вели во честитката на претседателот на ДУИ.цр/хс/