• среда, 18 декември 2024

Ахмети: Европскиот фронт е втора сила во државата

Ахмети: Европскиот фронт е втора сила во државата

Tетово, 8 мај 2024 (МИА) - Претседателот на ДУИ Али Ахмети вечерва од седиштето на партијата во Мала Речица рече дека коалицијата „Европски фронт“ е втора сила во државата по денешните избори.

- Легитимитетот ни го дадоа граѓаните, мнозинството Албанци и малите заедници како Турците, Бошњаците и Ромите, на кои им се заблагодарувам. Ова е првиот чекор кон долгите етапи на Фронтот за Европа до полноправно членство во ЕУ, рече Ахмети.

Според Ахмети, денес, повеќе од кога било, на државата и треба стабилност, мир, нула проблеми со соседите, владеење на правото, почеток на преговорите за членството во ЕУ.

-Остануваме силен фронт на мисионерите до реализација на финалните цели за членство во ЕУ, рече Ахмети.

На новинарско прашање за коментар на победата на ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети рече дека треба да се почекаат финалните резултати од Државната изборна комисија.

-Им честитам на победниците на другата страна, околностите, времето, работеле во нивен прилог ги користеле сите моменти со или без право. Не правам анализа, но му честитам победа на Мицкоски.  Утре е 9 мај и да го оставиме назад фолклорот и да се зафатиме за работа за стабилноста и иднината на државата. Ако се рационални, можеме процесите на стабилност и мир да ги гарантираме во нашата земја. Ние нема да правиме неодмерени движења. Очекуваме да се затворат резултатите, се уште не се објавени финалните резултати. Откако ќе се објават резулатите официјално тогаш да размислуваме за работите што не чекаат во иднина, рече Ахмети.

На прашањето дали и каква опозиција би биле со оглед на резултатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети повтори дека треба да се почитуваат освеоените гласови.

-Реков дека треба стабилност и мир. На државата и треба добра комуникација меѓу заедниците, а не поделба меѓу заедниците. Треба да се почитуваат гласовите на мнозинската заедница во државата, за ова треба да сносиме одговорност сите, истакна Ахмети.  ас/вг/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан