• сабота, 23 ноември 2024

Ахмед: Во Тиграј пронајдени тела на етиописките војници

Ахмед: Во Тиграј пронајдени тела на етиописките војници
Адис Абеба, 12 ноември 2020 (МИА) - Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед денеска изјави дека армијата пронашла тела на свои припадници, кои биле врзани и убиени со огнено оружје во северниот регион Тиграј, каде се водат борби со силите лојални на локалните власти. Ахмед не прецизира колку тела се пронајдени, Владејачката партија во регионот Народниот ослободителен фронт на Тиграј (ТПЛФ) се уште не ја коментираше информацијата. Во Тиграј од почетот на конфликтот пресечени се сите патишта на комуникација. Борбите во Тиграј почнаа на 4 ноември откако премиерот покрена воена операција откако локалните сили ги нападнаа сојузните трупи. Тензиите ескалираат од септември, кога во Тиграј се одржаа регионални избори и покрај спротивставувањето на сојузната Влада, која гласањето го оцени како нелегално. Во судирите загинаа стотици луѓе, а експертите ставуваат дека во Етиопија може да избие граѓанска војна, што не само што ќе го загрози економскиот развој на земјата, туку може да го дестабилизира целиот Рог на Африка, стратешки регион, кој е еден од најтурбулентните делови од светот. Тигрејците се пет отсто од целокупното населени на Етиопија, но имаат значително влијание во земјата. ТПЛФ доминираше во политиката и со силите за безбедност од 1991 до 2018 година, кога е избран Ахмед. ми/

Остани поврзан