Афористичарот Миле Ѓорѓијоски ја објави македонската верзија од книгата афоризми ,,Другата страна на медалот"
- Излезе од печат македонската верзија од книгата афоризми ,,Другата страна на медалот како авторско дело на познатиот балкански сатиричар Валентин Димитров.
Делчево, 29 септември 2021 (МИА) - Излезе од печат македонската верзија од книгата афоризми ,,Другата страна на медалот како авторско дело на познатиот балкански сатиричар Валентин Димитров.
Издавач на книгата е издавачката куќа Орион од Делчево, а преводот е дело на македонскиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски.
- ,,Другата страна на медалот” има избор од преку 1000 афоризми групирани во десет тематски област. На преводите, коректурата на текстот и техничката подготовка на книгата работеше и поетесата Христина Деолска, рецензијата е на познатиот српски сатиричар Александар Чотриќ, а илустрациите и кориците се дело на бардот на Македонската карикатура Јордан Поп Илиев, информираше Ѓорѓијоски.
За авторот истакна дека е еден од најпознатите балкански сатиричари, антологичари и преведувач кој има објавено 12 авторски книги. Носител е на 17 награди за литература во неговата родна Бугарија, како и Русија, Србија и Македонија. Член на Сојузот на независни писатели на Бугарија, Московскиот клуб за афористика и почесен член на Белградскиот афористичен клуб. вс/оџ