АУР предлага влада на национално единство во Романија
- Симеон реагираше откако актуелниот премиер Марсел Чолаку претходно денеска соопшти дека неговата Социјалдемократска партија (СДП) се повлекува од разговорите за состав нова влада, но ќе поддржи малцинска десноцентристичка влада.
Букурешт, 19 декември 2024 (МИА) - Лидерот на националистичката партија „Алијанса за обединување на Романците“ (АУР), Џорџ Симион, понуди партијата да состави влада на национално единство со премиер од своите редови. Тој повика на дијалог меѓу сите партии за излез од политичката криза.
„Партијата АУР е подготвена да ја преземе одговорноста за формирање влада“, се наведува во објавата на Икс на Симион, чија партија беше втора на парламентарните избори на 1 декември.
Симеон реагираше откако актуелниот премиер Марсел Чолаку претходно денеска соопшти дека неговата Социјалдемократска партија (СДП) се повлекува од разговорите за состав нова влада, но ќе поддржи малцинска десноцентристичка влада.
„Ние, партијата АУР, сме доверливи. Бидејќи СДП се повлече од преговорите, ќе имаме итни разговори во рамките на АУР за преземање одговорност за формирање влада. Ги уверуваме евроатлантските партнери дека Романија ќе ги исполни своите обврски, а идните политики ќе бидат во согласност со нашите колеги од десниот центар во Италија“, напиша на Икс..
Симион го предложи Петришор Пеју како кандидат за премиер и изјави дека политиките на новата влада ќе бидат усогласени со десноцентристичките партнерски партии во Европа. ссм/
фото: ЕПА