• петок, 03 мај 2024

Универзитетот ФОН доделува 20 стипендии за припадниците на ромската заедница

Универзитетот ФОН доделува 20 стипендии за припадниците на ромската заедница

Скопје, 8 април 2023 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на Ромите, Американскиот универзитет на Европа – ФОН доделува 20 стипендии на припадници од ромската заедница, од кои 10 стипендии за додипломски студии во времетраење од четири години и 10 стипендии за постдипломски студии.

Сите заинтересирани кандидати за стипендии од АУЕ – ФОН можат да аплицираат со испраќање на биографија или CV на info@fon.edu.mk или пак за повеќе информации да се обратат на телефонскиот број 070/345-999.

Американскиот универзитет на Европа – ФОН по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите упатува честитка до сите припадници на ромската заедница во земјава.  - Меѓународниот ден на Ромите е можност за сите нас да ја славиме ромската култура и да ја подигнеме свеста за проблемите со кои се соочуваат денес, се вели во соопштението. мд/аа/

Фото: МИА 

Остани поврзан