Аудио и видеоверзија на хит-преработката на песната „За овој свет“
- Здружението за култура и уметност „КултурОп“ соопшти дека ќе ја сподели и македонската и англиската аудио и видеоверзија на хит-преработката на песната „За овој свет“.

Скопје, 22 јуни 2022 (МИА) - Здружението за култура и уметност „КултурОп“ соопшти дека ќе ја сподели и македонската и англиската аудио и видеоверзија на хит-преработката на песната „За овој свет“.
Музиката и текстот на англиски јазик е на Младен Марковиќ, текстот на македонски јазик е на Весна Малинова, додека, аранжманот на Симон Трпчески и Влатко Нушев.
Песната ја исполнуваат солистката Лара Трпческа и детскиот хор подготвен од Тоше Митрев, Симон Трпчески и Влатко Нушев, како и младинскиот хор – од хорот „Про Арс“ и Хорот на Младинскиот културен центар, под раководство на диригентот Сашо Татарчевски. ар/бак/