• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

АТС ГРУП и МКЕ ќе потпишат меморандум за соработка во одбранбената индустрија

АТС ГРУП и МКЕ ќе потпишат меморандум за соработка во одбранбената индустрија

Скопје, 27 март 2025 (МИА) - Единствената македонска компанија од одбранбената индустрија АТС ГРУП и МКЕ најголемата државна компанија од Република Турција од одбранбената индустрија, денеска во Скопје ќе потпишат меморандум за соработка. 

Целта на меморандумот, како што соопштија од АТС ГРУП, е да се воспостави рамка за соработка, стратешки активности и производство на производи од одбранбената индустрија.

- Ова партнерство е од стратешко значење за развојот на одбранбената индустрија и ќе овозможи трансфер на технологија, модернизација на производството и отворање на нови работни места. Исто така ќе се поттикнат активностите на двете компании и ќе се зголеми нивното присуство на меѓународниот пазар, особено во Турција и Северна Македонија, велат од АТС ГРУП.

На настанот, како што соопшти АТС ГРУП, најавено е присуство на министерот за одбрана Владо Мисајловски, на министерот  за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на заменик-министерот за национална одбрана на Република Турција, Хеибет Муса, на генералниот директор на МКЕ Илхами Келеш и на сопственикот и CEO на АТС ГРУП, Шефшет Демировски. дма/мд/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан