• сабота, 06 јули 2024

Атлетска ноќна трка „Трчаме за Рацин“ вечерва во Велес

Атлетска ноќна трка „Трчаме за Рацин“ вечерва во Велес
Велес, 12 јуни 2022 (МИА) - Низ велешките улици вечерва ќе се одржи атлетска ноќна трка на пет и десет километри „Трчаме за Рацин“. Трката се организира во рамките на програмата на 59. Рацинови средби, а пријавени се 316 учесници, информира за МИА, Лазе Петрушевски од АРК „Борец“ – организатори на настанот. На маратонската трка ќе и претходи детската трка, на која се пријавени околу 130 деца. Стартот и целта за двете трки е пред велешката гимназија „Кочо Рацин“, кај споменикот на Рацин па кружно по велешките улици. Патеката е долга 1550 метри. Освен од Велес, пријавени се и учесници од Скопје и други градови од земјава. - По завршувањето на трките, следи стенд-ап комедија во изведба на Бојан Велевски и музика во живо, информира Петрушевски. Во чест на Рацин, денеска Здружението на граѓани „Грин Пауер“ од Велес со автобус се упати кон селото Извор, кичевско од каде ќе започнат планинарски марш. Заедно со учесниците од другите градови тие ќе се искачат до врвот Стог на планината Лопушник каде е споменикот на Рацин. Таму ќе биде положено цвеќе за Рацин и ќе се одржи пригодна програма. ад/ки/  

 

Остани поврзан