• сабота, 18 мај 2024

Атлетико нов шампион на Шпанија

Атлетико нов шампион на Шпанија
Мадрид, 22 мај 2021 (МИА) - Атлетико Мадрид го обезбеди првото место во Шпанското фудбалско првенство во сезоната 2020/21. Во последното коло, вечерва мадридскиот клуб извојува победа над Ваљадолид со резултат 2:1 и си ја загарантира првата линија. Атлетико по 11 пат стана фудбалски шампион на Шпанија. Реал Мадрид имаше шанса да го стигне градскиот ривал, но победата на Атлетико ги отстрани сите дилеми во врска со шампионот, па победата на Реал Мадрид над Виљареал немаше поголема важност. Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне по втор пат го водеше својот тим до титулата во Ла Лига. Покрај Атлетико и Реал, следната сезона во Лигата на шампионите ќе играат Барселона и Севиља, во Лига Европа се пласираа Реал Сосиедад и Бетис, додека во Конференциската лига на Европа ќе игра Виљареал. Ла Лига ја напуштаат Хуеска, Ваљадолид и Еибар. зс/

Остани поврзан