• петок, 05 декември 2025

Атаман прогласен за најдобар тренер на Евробаскет 2025

Атаман прогласен за најдобар тренер на Евробаскет 2025

Рига, 15 септември 2025 (МИА) - Турскиот кошаркарски стручњак, Ергин Атаман е прогласен за најдобар тренер на Европското првенство 2025.

Под водство на Атаман, турската репрезентација стигна до финалето на турнирот и загуби од Германија со резултат 83:88. 

Турците станаа финалисти на Европското првенство за прв пат по 24 години.

Турција го помина групниот турнир на Евробаскет без пораз, а во плејофот ги победи Шведска, Полска и Грција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан