Атал: Еден од приоритетите е повторно вооружување на Франција
- Новоименуваниот француски премиер Габриел Атал денеска му се заблагодари на претседателот Емануел Макрон за неговото именување, додавајќи дека еден од неговите главни приоритети ќе биде повторното вооружување на Франција.

Париз, 9 јануари 2024 (МИА) – Новоименуваниот француски премиер Габриел Атал денеска му се заблагодари на претседателот Емануел Макрон за неговото именување, додавајќи дека еден од неговите главни приоритети ќе биде повторното вооружување на Франција.
- Ви благодарам господине претседателе за вашата доверба. Ја ценам честа што ми беше дадена да бидам назначен за премиер. Еден приоритет: да ја задржиме контролата врз нашата судбина, да го ослободиме францускиот потенцијал и да ја вооружиме нашата земја повторно. На работа, со сила, понизност и без табуа во служба на Французите, напиша Атал на социјалната мрежа Х.
Тој додаде дека во последните месеци ја посветил „целата своја енергија“ на обновата на францускиот образовен систем. јт/