• недела, 22 декември 2024

Аталанта ќе биде домаќин на својот стадион во Лигата на шампионите

Аталанта ќе биде домаќин на својот стадион во Лигата на шампионите
Бергамо, 7 октомври 2020 (МИА) - Аталанта официјално доби дозвола да биде домаќин на Лигата на шампионите во Бергамо. Натпреварите во Бергамо против Ливерпул, Ајакс и Митјиланд ќе бидат во домашната арена, не како минатата година на „Сан Сиро“ во Милано. Во претходните години, Аталанта беше домаќин и на стадионот „Мапеи“ во Реџо Емилија. Стадионот Гавис претрпе радикално реновирање во последната година и сега е целосно подготвен да биде домаќин на натпревар од Лигата на шампионите. Првиот натпревар за Аталанта во групната фаза на најкомерцијалниот европски турнир е на 27 октомври против Ајакс. Потоа на 3 ноември во Бергамо ќе слета англискиот шампион Ливерпул, а на 1 декември е последниот натпревар против Митјиланд.

Тагови

Остани поврзан