Асфалтирање на улица „1“ во Јака, општина Илинден
- СООПШТЕНИЕ - Инфраструктурните активности во Општина Илинден продолжуваат со динамично темпо – во населеното место Јака во тек е финалната фаза од изградбата на сервисната улица „1“. Во моментов се врши асфалтирање на коловозот, со што проектот влегува во својата завршна етапа.
Скопје, 10 јули 2025
Инфраструктурните активности во Општина Илинден продолжуваат со динамично темпо – во населеното место Јака во тек е финалната фаза од изградбата на сервисната улица „1“. Во моментов се врши асфалтирање на коловозот, со што проектот влегува во својата завршна етапа.
Проектот опфаќа изградба на коловоз со должина од 220 метри и ширина од 5 метри, како и тротоар со ширина од 1,5 метар од едната страна на улицата. Завршени се и подземните зафати, вклучително и изградбата на систем за фекална канализација, со што се создаваат значително подобрени услови за живот и комунална хигиена за жителите на овој дел од населеното место. Во наредниот период ќе следува и поставување на улично осветлување.
Увид во текот на асфалтирањето изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, пришто истакна дека ваквите проекти се клучни за создавање уредени, безбедни и функционални сообраќајни решенија, кои директно одговараат на потребите на граѓаните.
Со реализацијата на овој проект, Општина Илинден уште еднаш потврдува дека останува доследна на својата стратегија за развој на локалната инфраструктура и унапредување на квалитетот на живот. Сервисната улица „1“ претставува уште еден пример за одговорно и ефикасно делување на локалната самоуправа, во служба на своите граѓани.
Општина Илинден
______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото Општина Илинден