Асфалтирање на три патишта за Старо Нагоричане
- Жителите на општина Старо Нагоричане наскоро ќе добијат два патни правци со средства одобрени од Светска банка и уште еден асфалтиран патен правец од првиот повик на Владата за инфраструктурно уредување на општините, соопштија денеска надлежните.
Куманово, 30 декември 2025 (МИА) - Жителите на општина Старо Нагоричане наскоро ќе добијат два патни правци со средства одобрени од Светска банка и уште еден асфалтиран патен правец од првиот повик на Владата за инфраструктурно уредување на општините, соопштија денеска надлежните.
Според градоначалникот Мирослав Славковски, преку Светска банка ќе се асфалтираат патен правец кон село Младо Нагоричане и втора фаза од патот во село Стрновац. Дополнително, ќе се асфалтира и уште еден патен правец во село Младо Нагоричане.

-Штом се подобрат временските услови ќе почне асфалтирањето, таму веќе се завршени сите фаза на градба, за првите два патни правци, средствата се обезбедени од Светска банка, додека за последниот средствата се преку Владиниот повик за инфраттруктурно уредување на општините, изјави Славковски.
Инвестициите ќе овозможат поврзување на селата. Според податоците од последниот попис, во Старо Нагоричане има 3.051 жител во 39 населени места.
Општината, сместена во североисточниот дел од земјава, иако мала по број на жители е една од најпривлечните за странските туристи, бидејќи светски е позната по археолошките наоѓалишта, културно-историските објекти, цркви, манастири, природни реткости и раритети. ам/хс/
Фото МИА архива