• петок, 05 декември 2025

Асфалтирање на повеќе улици во делчевската населба Ново Делчево

Асфалтирање на повеќе улици во делчевската населба Ново Делчево

Делчево, 13 мај 2025 (МИА) - Согласно проектот за реконструкција на улици во населба Ново Делчево во тек се градежни работи за асфалтирањето на повеќе улици. Моментално како што информираше делчевскиот градоначалник Горан Трајковски денес се асфалтираат дел од улица „Трст“ со јавен паркинг и улица „Загребачка“. 

-Според динамиката ќе се продолжи со асфалтирање и на останатите предвидени улици за реконструкција во оваа населба, по што Ново Делчево после долг период ќе добие обновена инфраструктура, истакна Трајковски.

Претходно, согласно проектот реконструирани и асфалторани беа дел од улиците „Трст“, „Охридска“ и „Осоговска“.

Извeдувач на работите е ОСД Кирил Скопје. вс/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан