Асфалтирана улица „540“ во Марино, општина Илинден
- Целосно е санирана и асфалтирана улица „540“ во Марино во должина од 250 метри, како дел од активностите за подобрување на патната инфраструктура во општина Илинден во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта.
Скопје, 26 август 2025 (МИА) - Целосно е санирана и асфалтирана улица „540“ во Марино во должина од 250 метри, како дел од активностите за подобрување на патната инфраструктура во општина Илинден во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта, соопшти денеска општинската прес-служба.

Според градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски, асфалтирањето на оваа улица е реализација на едно од барањата на граѓаните во Марино. Во наредниот период ќе се продолжи со реконструкција и санација и на други улици кои се дел од барањата и потребите на граѓаните на општина Илинден во насока на подобрување на секојдневието и подобрување на патната инфраструктура, зголемување на безбедноста во сообраќајот.
- Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден, а со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општина Илинден, се вели во соопштението. лв/вј/
фото: Општина Илинден