Асфалтирана улица „11“ во Стопански комплекс Илинден
- СООПШТЕНИЕ - Општина Илинден продолжува да работи со интензивно темпо на подобрување на патната инфраструктура, пришто извршено е асфалтирање и улица „11“ во Стопански комплекс Илинден.
Скопје, 31 јули 2024
Општина Илинден продолжува да работи со интензивно темпо на подобрување на патната инфраструктура, пришто извршено е асфалтирање и улица „11“ во Стопански комплекс Илинден.
Со градежните работи беше извршена целосна реконструкција со асфалтирање на улицата во должина од околу 600 метри. Оваа улица е од големо значење бидејќи претставува главна сообраќајна конекција во индустриската зона каде гравитираат голем дел од компаниите.
На терен беше присутен и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека реконструкцијата на оваа улица значително ќе ја подобри функционалноста во работењето на стопанските субјекти од локалната економска зона. Целосната инвестиција за реализација на овој проект е со средства од буџетот на Општина Илинден.
Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции за подобрување на локалната патна инфраструктура се со цел да им се овозможи подобри и поквалитетни услови за живеење.
Општина Илинден,
Одделение за поддршка на Градоначалникот
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: Општина Илинден