• среда, 10 јули 2024

Асфалтирана улица „11“ во Кадино, општина Илинден

Асфалтирана улица „11“ во Кадино, општина Илинден

Скопје, 26 октомври 2023 (МИА) - Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура - изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта извршено е асфалтирање на дел од улица „11“ во населено место Кадино, во должина од околу 300 метри и широчина од 5,5 метри.

Како што соопшти денеска Општина Илинден, на терен додека се асфалтираше улицата присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски. Тој информираше дека потребата за реконструкција се јави поради тоа што оваа улица беше доста оштетена, а покрај реконструкцијата на коловозот изградена е пешачка патека со ширина од 1,5 метри.

- Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со изградба, реконструкција и санација на локалните улици и патишта и на други локации затоа што патната инфраструктура е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Илинден, се наведува во соопштението. мд/аа/

Фото: Општина Илинден 

Остани поврзан