• недела, 28 април 2024

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати честитка по повод Рамазан Бајрам до поглаварот на ИВЗ

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати честитка по повод Рамазан Бајрам до поглаварот на ИВЗ

Скопје, 11 април 2024 (МИА) - Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати честитка по повод Рамазан Бајрам до поглаварот на ИВЗ Реис-ул Улема Хаџи Шаќир Ефенди Фетахи.

- Од Своe, како и од името на архијереите, свештенослужителите, монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Ви го честитаме празникот Рамазан Бајрам, посакувајќи Ви Вам и на верниците од исламска вероисповед изобилни добрини од Господа.

Периодот на воздржување и пост нека ни бидe од полза, а сите денови да ни поминуваат во мир и почитување, меѓусебно разбирање и соработка, како би можеле богоугодно и човекољубиво да ја оствариме целта зададена од Севишниот! Честит празник!, се наведува во честитката од поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан