• сабота, 06 јули 2024

Артета: Одлично е за клубот што Сака го продолжи договорот

Артета: Одлично е за клубот што Сака го продолжи договорот

Лондон, 23 мај 2023 (МИА) - Тренерот на Арсенал, Микел Артета го искажа својот став околу продолжувањето на договорот со напаѓачот Букајо Сака.

 

Денес, 23 мај, се дозна дека Арсенал потпиша нов долгорочен договор со Сака.

 

- Одлично е за клубот што Сака го продолжи договорот. Задржувањето на нашиот најдобар млад талент е клучно за нашиот континуиран напредок. Букајо е важен дел од нашиот тим сега и во иднина. Тој не е само фантастично талентиран, туку и посебна личност. Заедно со нашите навивачи, со нетрпение го очекуваме континуираниот развој на Букајо во тимот во наредните години, изјави Артета.

 

Сака е „дете“ на Арсенал. Порталот Трансфермаркт го оценува 21-годишниот Англичанец на 110 милиони евра.

 

Оваа сезона 21-годишниот напаѓач одигра 37 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи 13 гола и 11 асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан