• сабота, 06 јули 2024

Артета: Клоп ја направи Премиер лигата и секој тренер подобри

Артета: Клоп ја направи Премиер лигата и секој тренер подобри

Лондон, 30 јануари 2024 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета искажа пофални зборови за придонесот на колегата од Ливерпул, Јирген Клоп за развојот на Премиер лигата.

- Клоп ја направи оваа лига многу подобра. Пред се, тој е личност со карактер и харизма. Придонесе многу за лигата и ми се допаѓа начинот на кој го направи тоа. Можете да видите колку емоции вложил во тоа - тој заслужува благодарност и почит. Клоп ја направи лигата и секој тренер подобри. Целиот наш живот го посветуваме на оваа работа и вложуваме многу труд. Ова бара екстремен напор, изјави тренерот на Арсенал.

Германскиот стручњак Јирген Клоп одлучи да го напушти Ливерпул на крајот од сезоната 2023/24.

Во тамошните медиуми се појавија шпекулации дека и Артета ќе си замине од Арсенал, но тој ги демантира. зс/

Остани поврзан