• понеделник, 23 декември 2024

Артета загрижен поради слабата ефикасност на Арсенал

Артета загрижен поради слабата ефикасност на Арсенал
Лидс, 22 ноември 2020 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета по вечерашните 0:0 против Лидс, изрази загриженост поради слабата ефикасност на неговите избраници. - Во првото полувреме имаше два различни сегменти. Почнавме да играме малку полошо, да ја губиме топката, а Лидс имаше простор. Во второто полувреме, поентата беше да се одбраниме добро, да останеме смирени и да ја искористиме брзината на нашите играчи. Недостатокот на голови ме загрижува. Потребна е реализација за да победите. Треба да создаваме шанси и да ја подобриме ефикасноста, рече Артета. На последните пет натпревари во Премиер лигата, Арсенал постигна само еден гол. Ова се случи на натпреварот со Манчестер Јунајтед (1:0). На натпреварите против Астон Вила (0:3), Лестер (0:1) и Манчестер Сити (0:1) „топчиите“ не успеаја да се запишат во листата на стрелците. Во следното коло Арсенал ќе игра против Вулверхемптон. зс/

Остани поврзан