• понеделник, 25 ноември 2024

Артета загрижен поради повредата на Сака

Артета загрижен поради повредата на Сака

Лондон, 4 октомври 2023 (МИА) – Тренерот на премиерлигашот Арсенал, Микел Артета ја нарече „загрижувачка“ повредата на Букајо Сака, но додаде оти не жали што му даде шанса да игра во вчерашниот пораз од Ленс (1-2) во Лигата на шампиони.

„Се радуваше дека ќе игра, како и секој друг играч. Тоа беше важен натпревар во Лигата на шампиони. Минатиот натпревар доби удар во стапалото, но се чувствуваше добро“, рече Артета.

Сака му асистираше на Габриел Жезус при постигнувањето на голот на гостувањето во Ленс, но беше повлечен од игра во 34. минута поради повреда на мускулот.

„(Повредата) не изгледа добро. Не знаеме повеќе детали, но доволно е што не можеше да го продолжи натпреварот и тоа не загрижува“, додаде стратегот на Арсенал. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан