Артета ги загрижи навивачите на Арсенал
- Арсенал доживеа тежок пораз на пенали од Манчестер Јунајтед во ФА Купот. Поразот не беше особено пријатен бидејќи „црвените ѓаволи“ беа со играч помалку неполни 60 минути.
![Артета ги загрижи навивачите на Арсенал](https://mia.mk/images/20250112213852_big_730x400_82.webp )
Лондон, 12 јануари 2025 (МИА) - Арсенал доживеа тежок пораз на пенали од Манчестер Јунајтед во ФА Купот. Поразот не беше особено пријатен бидејќи „црвените ѓаволи“ беа со играч помалку неполни 60 минути.
За Арсенал загрижува и тоа што напаѓачот Габриел Жесус заработи повреда, а според тренерот на „топчиите“ таа е сериозна.
-Многу сум загрижен, тоа е моето чувство. Жесус мораше да излезе, не можеше да продолжи, не изгледа добро, изјави Артета.
Со оглед на повредите на Букајо Сака, Нванери, а сега и Жесус, ова може да биде сериозен удар за амбициите на Арсенал.
На „топџиите“ им претстои дерби во Северен Лондон против Тотенхем во Премиер лигата. дс
Фото: Архива